Во однос на македонското национално прашање, уште на самиот почеток тие гледале да не дозволат негово решавање, нагласувајќи ја готовноста да прифатат само формирање македонска држава во идната федеративна Југославија, но барале гаранции дека "таа држава нема да анектира или да полага право на какви било територии што ѝ припаѓаат било на Бугарија било на Грција, врз основа на тоа дека тие територии се македонски".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во својот одговор до Форин Офис на 29 јануари 1945 година Маклн ќе го нагласи Титовото уверување за неактуелноста на идејата за формирање на федерација со Бугарија или со некој од нејзините соседи, а исто така дека Југославија немала намера да приспојува територии од Грција или Бугарија “пред одржувањето на мировната конференција“ каде што Југославија би ги поставила своите барања.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Исто така, тие сметале дека со тоа би се оневозможило Бугарија да ги сноси последиците од нејзиното учество во двете војни на страната на Германија против нејзините соседи и против западните демократски сили.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)