Во тој момент нејзе ѝ беше сѐ едно: чупе дете за неа беше нејзина рожба, нејзина среќа и надеж во животот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Зелена како мувлија од јад, ама се прави пред Доста небарем нејзина среќа и дошла.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тоа е јасен доказ оти нејзината среќа не зависела само од Србија и Бугарија и оти високите планини што ги заобилколуваат македонските котлини уште не се таква опасност за заедничкиот политички живот кај нивните жители.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Дваесет и две години го носи таа образот на тоа писмо, кое доаѓаше до земјата каде што длабоко беше закопана нејзината среќа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Остварен сон! Нејзината среќа нема крај.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И како би можела да заборави, како да не се сеќава за сѐ кога нејзината среќа траеше толку малку.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Ни на душманот бог нејзината среќа да не му ја даде.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Но, јас не ќе можам да ја поведам во тој свет, да бидам дел од нејзиното полетување и лет ниту да бидам ковач на нејзината среќа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Томо кој ја разбираше скриената желба на Рада, нејзината среќа ја сподели со тоа што ја крена до висината на своите усни вртејќи ја како рингишпил околу себе.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Но, тоа ќе биде пародија на нејзината среќа додека уште беше присутна.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Така, за нејзина среќа, како што самата се изрази, Граматниковски се сетил да ја побара за секретарка во ЈугоМак каде што добила добра плата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
- Но таа ѝ припаѓа на шумата, на планината. Нејзината среќа е во слободата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
На нејзината среќа ѝ немаше крај.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Пуста нејзина среќа! си помисли во себе.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Никогаш не можеше да се радува на начинот на кој ние сакавме да ја предизвикаме нејзината среќа.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Задоцнувањето на музиката во однос на гореспоменатите уметности е нејзина среќа.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Понекогаш помислувам дека таа има потреба од присуство на сведоци кои некогаш, во некој за неа многу значаен момент ќе имаат храброст да ги потврдат ваквите мигови на нејзината среќа.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Најчесто, таа живееше и беше среќна и без тој дел што ѝ недостигаше на полнотата на нејзината среќа.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Но, трагично во целиов овој случај е тоа што, и покрај постоењето на судска пресуда во нејзина корист, бидејќи во меѓувреме млекарницата од државна се трансформира во приватна сопственост – Ангелеска сè уште, до ден денес, по изминати речиси 14 години, го нема добиено паричниот надоместок кој ѝ е досуден, а коешто побарување веќе е и застарено!?6 ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ангелеска напоменува дека доколку за време на судскиот спор имаше повеќе рочишта, времени мерки и жалби против решенијата (што за нејзина среќа ги немаше) – во тој случај, судските такси и трошоци врз нејзе ќе делуваа дестимулирачки при самата помисла да тужи, бидејќи барањето правда во РМ стана привилегија само на богатите кои можат да си дозволат да ги платат скапите такси и трошоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)