Нејзините стапала беа црни, а над глуждовите, нозете ѝ беа отечени и сини.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
-Добро си забележал, мајка ти беше многу изморена - додаде малку подоцна откако ја погледна во очите што јас за жал не и ги бев затворил.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Мина преку терасата и околу оградата од грумушки трендафили, и тогаш нејзините стапала, обуени во сандали со ремчиња, нежно згазнаа на тврдиот, како килим, тревник помеѓу трендафилите и портокаловите кринови, кои со своите трубички беа отворени кон сонцето.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
И нејзините стапала како да се рашириле, забележа тој.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Се сврте, и потрча кон излезот на просторијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Потоа отиде до долниот дел од креветот, и ги бакна нејзините стапала, кои лежеа на работ од постелата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
- Верувам дека ќе дојдат повеќемина да ја испратат - рече Даскалов а потоа пријде и го повлече чаршафот и над нејзините стапала.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Душемето крцкаше под нејзините стапала, и кога Амдие, Разие и Селвие, трите нови жени на ибн Бајко, ќе го чуеја тој крцкот, само се тргаа во околните соби.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)