Таа расмеаност, во моментот кога им сретнаа и скоро заварија погледите еден во друг меѓусебно продирајќи се, особено откако и тој просто ѝ се израдува, таа нејзина расмеаност како да црпеше сок од некаде длабоко во нејзиното торзо.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Виде дека таа сака тој да ѝ се радува на телото и пак го врати погледот на нејзиното торзо. Ѝ ги пушти рацете под мишките и потем повлекувајќи ги нагоре ѝ ги соголе рамената, по што тргна во милување на кое наскоро ќе му се придружат неговите усни и целиот тој, исто така гол, преплетен со неа и во неа.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)