Но не им беше на сите дадено да наѕрат во тајната на мајсторската работа и да ја откријат нејзината убавина, којашто еднаш почувствувана, останува за цел живот врежана во срцето, како нешто најсилно, најмило и најсакано.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И кога, на крајот, ја помоли тој стројничката да нареди таа некако да ја види момата пред стројот, тоа Панде не го стори затоа што се сомневаше во нејзината убавина, а да се увери дали е сè така сигурно, како што му раскажуваше Мискарица, за да испрати после абер во Ресен...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Си ја бранеше тој својата планина, нејзините убавини, тревите, цвеќињата, миризбите...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Меѓутоа, ти си зафатен со друго: откако те запознаа со Горда и откако узна дека таа е суфлерка, ти не знаеш дали повеќе си обземен од нејзината убавина или од тоа што кај неа единствено можеш да го најдеш делото.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Во меѓувреме, додека попот одел од куќа до куќа и со зборови од неколку јазици им ги раскажувал големите чудесии од кои крвта се замрзнувала в жили, се прочуло дека Фиданка Кукникова сака да се омажи за крестокосиот Доце Срменков и дека ќе стане мајка на неговите деца, едното веќе со воздишки по нејзината убавина, доколку тој пристане да го земе во новата куќа и свекор ѝ, земјолик човек што се хранел еднаш дневно со печен компир.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ангел-џин, сенката негова покривала половина море со главурдести риби во чие грло можело да легне манастирско кубе!
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Она што на Џон Холанд најмногу му остава впечаток во оваа сцена не е само нејзината убавина туку и нејзината сложеност.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Да биде мирна во Рајот, зошто нејзината убавина не замина со неа.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Порано беше несреќна, но го контролираше своето однесување и држење, своите постапки, а сега заплисната од радоста, им се препушташе на чувствата и страстите бацувајќи го Богдана пред сите или водејќи го за рака во собата на љубовни наслади, среќна и благодарна што Богдан ја преобрази, што цветот на нејзината убавина, извлекувајќи го од нејзината мрачна душа, го разви и расцути.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Го фаќаше бес кога некои подолго време погледите не ќе ги симнеа од неа како да ја соблекуваа со очите и кога ќе си подречеа нешто на сметка од нејзината убавина.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Возбуден и опчинет од нејзината убавина, Богдан сè повеќе стануваше љубоморен.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Со време Марија и Богдан станаа блиски и почнаа да живеат заедно: нејзе ѝ одговараше неговата мажественост, добродушност и убав карактер а нему нејзината убавина и подреден живот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
И тие ѝ се смеат гледајќи ја восхитено нејзината убавина.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Сакав да ја имам таа птица в раце, да ја поседувам нејзината убавина, да биде таа само моја, но, во исто време со таа желба, длабоко во себе слушав притаен глас што прашуваше: Дали таа убавина тогаш би била исто толку голема без слободата на летањето?
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Сакав да ја имам таа птица в раце, да ја поседувам нејзината убавина, да биде таа само моја, но, во исто време со таа желба длабоко во себе слушав притаен глас што прашуваше: Дали таа убавина тогаш би била исто толку голема без слободата на летањето?
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Колку што порано ја сакаше, сега триж по толку ја сакаше, а колку што опулот негов беше празен без нејзината убавина, толку душата му беше полна со меракот по неа, небаре меракот беше ѓум3 кој без престан се прелеваше под чепурот на севдата.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
„Таа мене повеќе не ми треба, доста ја гледав нејзината убавина без да ја разбирам.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Се плеткаше и околу Маркота на дуќан, но сепак најмногу околу Калија, гледајќи ја со некаква чудна тага нејзината убавина.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Мажите, што седеа поблиску до Илка, а што му беа роднини, завидуваа на домаќинлакот и убавината на невестата Доста, а тие што не му беа роднини, си поголтнуваа: старите — од убавите готвени што ги донесе Доста пред Илка, а младите од нејзината убавина.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Вистински стравував дека може да ми ја отмат.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Изгледа ме измачуваше една друга појава, впечатливоста од нејзината убавина.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Некој од селаните, алудирајќи на нејзината убавина се осмелил дури и да подрече дека е многу вистинит оној збор, оти убавината куќа не крепи, ама сите сакаат да ја имаат под свое.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Станувам само едно во нејзината убавина!...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Да му се посерам! Не ме чека смрдлата!
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Срипувам тогаш од креветот!... Оваа ќе ја смачкам! Ќе биде последната!
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Таа е прекрасна и треперите како лист од нејзината убавина.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Во некои земји односот на луѓето кон природата и кон нејзините убавини е многу подомаќински.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)