Некој низок, тивок, рамен и постојан пламен, што избива, чиниш, направо од нејзината утроба, ја подзема и гори таа, бакарноцрвена, сѐ до Свети Никола Зимен, уште како што викаат овдека Никола со бела брада.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Од едното до другото маало преку реката Вардар н делеше Дрвеното, односно Еврејското мовче.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во таа османска тврдина во која почиваше османското време, во нејзината утроба во која пред Втората светска војна беа изградени скривалишта, се саможртвуваа козите спасителски заедно со нивниот наткозар Чанга, Татков пријател од тие времиња.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Пред нашите погледи над Еврејското Маало беше извишена тврдината Кале, а во нејзината утроба беа скривалиштата од Втората светска војна.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Секојдневниот немир во нејзината утроба стануваше поинтензивен.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Рада само гледаше како две души искорнати од нејзината утроба се оддалечуваат далеку од нејзиниот видокруг.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
35 Луција веќе беше девојка за мажење, пред три години вулканот на нејзината утроба ја исфрли првата плима темноцрвена и врела кал, а нејзиниот татко упорно ги одбиваше стројниците, барајќи да изведуваат невозможни подвизи какви што има во соновите и старите бајки.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Се свитка во клопче, ставајќи си ги рацете сплотени со дланките меѓу колена, навика останата уште од детството, кога со грбот ќе се залепеше до градите и стомакот на мајка си, чувствувајќи топлина и сигурност како да е во нејзината утроба. Набргу потоа заспа.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Се симнува да си купи сожалувања од улицата. Зашто нејзината утроба Не знае да расте.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Имаше бела облека и мирисаше на јоргован И чув реброто во нејзината утроба како крцка зашто се делеше на две.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Таа го сакаше секое нешто што раснеше, како да никнува од нејзината утроба.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Но знаеше дека во неговиот филџан виде уште нешто, нешто што го протолкува токму во тој миг, кога му се отвори сосема свесна дека ќе ја рани, ќе ја убие така закован во нејзината утроба.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Светлоста на знаењето нема во себе топлина; оној што само знае, а не верува во Бога, чтение врши така што се лизга само по буквите и зборовите, како светлината месечева што се лизга по карпата, не навлегувајќи во нејзината утроба и не стоплувајќи ја, затоа што таа светлина, студена, никогаш не ќе може да ги загрее душите на зборовите, да ги оживее и да ги разбере вистински, со срце, а не со разум.“ Мислев дека сонувам.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И рика темнината и се кине нејзината утроба.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Од таму, според неа, и овие буричкања во нејзината утроба.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Паулина трепереше – можеби не толку од стравот за сопствениот живот, колку од помислата дека она најблиско суштество, она кое излегло од нејзината утроба, никогаш повторно нема да го види.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Значи дека бебето што таа ноќ се удавило во нејзината утроба било дете од љубов - момченце - и дека неговата душа се ослободила овде да лута низ водите.“
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Се расправавме околу толкувањето на сонови, за тоа дали соновите се психички, симболични, претскажувачки, или тотални бесмислици, додека ти не рече, „Види, ти мисли си што сакаш за твоите сонови, но не мешај ми се во моите, договорено?“
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
„Ти навистина веруваш во тоа?“
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)