Така загледани, седиме ние на прагот од тоа што беше куќа, а јас се обидувам да се вгледам во очите на старичката и низ нивниот блесок да влезам во нејзината душа и да проникнам во нејзините чувства.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Нејзините чувства беа лично нејзини и не можеа да бидат променети однадвор.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
На Рада тие два часа ѝ беа доволни да види и да прочепка, да открие што се крие зад спуштената завеса на нејзините чувства.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Беше сигурна во едно, иако му дозволи да ја бакне нејзините чувства сѐ уште не беа до крај јасни.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
„Љубовта е тоа само доколку вреди да се живее за неа,“ се обидов да ги смирам нејзините чувства.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Јас знаев дека нејзината сериозност не беше израз на нејзините чувства, туку на нејзините убедувања и тоа беше она што ме стаписа, ми ја затвори устатата и ми ја спушти главата пред неа како челото да ми беше прелиено со тежок калај.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Тоа го почувствува Ема и за миг ѝ ја врати самодовербата.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Тој толку многу се спои со нејзиниот живот, со нејзинотo размислување, со нејзините чувства и со нејзиното дишење, така што таа дури и не го сметаше за одвоено човечко суштество.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Нејзините мисли, нејзините чувства сега постоеја само за Карл.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Се плашеше дека може да се изменат и нејзините чувства кон Хелвиг.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)