Се чинеше, Орде барем така си помислуваше понекогаш, а и сега кога нункото му кажа за нејзината љубов, - дека тоа заправо не се татко и ќерка, ами дека е тој некој силен и лош змев што ја грабнал неа, убава девојка од далечна земја, и сега веќе двата остареле во оваа куќа, загинала и неговата сила и нејзината убост.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Ја чувствував со целото свое суштество нејзината љубов и бев среќен.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Со години го замислуваше Томо како во букет црвени рози го крие венчалниот прстен, како клекнат на колена за век ја посакува нејзината љубов.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Го заболе што пред дојденецот тој беше странец, а не нејзината љубов.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
А таа во тоа време беше лудо вљубена, навистина, и никако не смееше и нејзината љубов да изветрее со градот.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Таа можеше да ја почувствува топлината и силината на неизговорената љубов на Даниел, и нејзината љубов ќе беше целосна ако нејзината болест не беше дебела сенка врз тој светол пејзаж.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Овде тој си се поднасмевна себеси кога помисли дека некогаш можеше да издржи повеќе, а некогаш помалку, но секогаш од тој бран што од слабините ќе го удреше право во челото испливуваше со истата мисла – дека целосно, неповторливо и очајно ја љуби жената што во него ја откри таа жед по нејзината љубов...
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
- Престани да бидеш дрзок. - Те љубеше? - Тоа го знаеш! - И ја избегнуваше нејзината љубов.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Одеднаш ново, тешко, мачно прашање: има ли право да ѝ го одземе на Марија единственото и најскапото што ѝ остана од нејзината љубов со него?
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Нема никаква длабочина во нејзината љубов кон децата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Исто како што нејзините поттици биле таму со првите зборови и со првите чекори на синот, така и нејзината благост дава трајна дозвола за неговата изведба – која тој истовремено ја изведува за неа, со неа и како неа (86).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Токму во нејзината сенка, под нејзино покровителство и преку идентификација со неа, настраното момче кое ѝ е, ете, син добива поттик/забрана да се воздигне до сопствената општествена и субјективна дејственост – односно, да изведува – и со тоа му се овозможува да си го обезбеди, неизвесно и малку веројатно, сопствениот идентитет, сопственото несигурно и провизорно место во еден ненаклонет општествен свет.
Во контекстот на Циганка, Милер може да тврди дека мајчиното отфрлање на ќерка си и мајчиниот обид да ја преосвои сцената за себе на крајот од мјузиклот предизвикуваат особено обессилувачки и разорен шок кога се гледаат од гледиште на момчето чиј сопствен пристап до изведбата првобитно го дозволил ликот на мајка му – мајка која своевремено го навела да верува дека, преку неа, и тој ќе може да си има место.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Мајчиното конечно свртување против сопственото чедо повторно го оживува ужасот што нејзината љубов го поттикнувала отсекогаш, ужасот „од протерување од нејзиното присуство“ (112).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Еве толку, - ги рашири рацете за да ми покаже колкава е нејзината љубов.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Но што вредат прстените на Еразмо кога тој и ја повреди гордоста и не ја почитуваше доволно нејзината љубов?!
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Имаше постар брат, но сета нејзина љубов беше насочена кон малиот Бубуш.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Висината на износот што го бараше Вујошевиќ изнесуваше околку четири плати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Таа, свесна за големата морална обврска што ја има спрема своето семејство, решава да оди докрај – но, благодарение на нејзината љубов и преданост спрема работата, како и лојалноста спрема институцијата во која работи – спорот, во некоја рака, се решава спогодбено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)