Неговата мајка, со денови, барала тој да ѝ говори за сите нејзини во Цариград и за својот престој.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Низ неа, Татко си го замислуваше единственото, последното, патување на својата мајка во Цариград, во 1937 година, по педесет години од заминувањето на нејзините во Турција.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Разлутен еднаш ја донесол назад кај нејзините во чергата и заповедал да ја истрижат; нејзината коса ја фрлиле во вирот, а потоа и неа, и Шава, ја фрлиле во вирот, намачкана со смола и со катран и запалена.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И како што загубувањето на Србија во политички однос го повлече по себе загубувањето нејзино и во национален однос, исто така раздробувањето на С. Стефанска Бугарија во политички однос ќе го повлече и раздробувањето нејзино во етнографски однос.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
- Ете, така, ние се крстевме и се молевме дома секогаш од кога памтам за себе... – прошепоти Циљка и згасна и потона шепотот нејзин во длабоката тишина.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во оџачето одново прсна искра, за миг ги осветли и ги зголеми сенките врз ѕидот и Циљка толку долго ги гледаше, колку што летот на искрата во чија светлина го виде бледото и питомо лице на Мита и десницата нејзина во одвај видливо движење крената до челото кое го допираше со трите прсти...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
„Македонци, браќа и сестри мои, и јас, полн со омраза, та жеден трагајќи да го изгаснам огнот нејзин во градите свои, мислев дека одам кон Дамаск, а вистината беше дека бесцелно лутав заслепен од гневот и од лутината свои.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Се сеќаваше баба на својот братучед уште од годините на детството и младоста кога Али Фетхи идеше во валијската куќа пред да заминат нејзините во Турција.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
А Мајка виде каков беше животот и кај нејзините во Јанина, а особено во Солун, кај вујко ѝ и кај вујна ѝ, Италијанката Клементина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)