нејзин (прид.) - нов (прид.)

Ја замолив Еми да идентификува кој, од сите луѓе кои ја познаваа може да биде најмалку засегнат од оваа нејзина нова појава.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Јас од моето искуство знам дека, “работата на терен” е интегрален дел на секој ваков проект.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Јасна продолжува да ме кара, а јас ја слушам со наведната глава и поглед фиксиран врз нејзините нови сандалки.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Она што целосно ќе ни стане јасно со оваа нејзина нова збирка е напорот на Вероника на поезијата да ѝ го прокрчи патот до сите пори од животот, до сите сегменти, до секое катче давајќи ѝ ја секогаш нотата на современост и актуелност.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Таа болка целосно му припаѓаше на минатото и немаше никаква врска со нејзиниот нов и среќен живот со Даниел.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ноќта беше мирна и единствените звуци доаѓаа од нејзините нови станари.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Пајаците по ќошињата на нејзините празни соби вредно ги плетеа своите мрежи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се појави и нејзиниот нов „брат“ со својата тешка колекција на плочи, касети и книги, спакувана во три-четири кутии кои мораше да ги носи заедно со татко ѝ.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А, агресивна е оваа нејзината нова.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
За да се забележува, божем повеќе нѐ има на око.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Традиционалните позиции на уметничките активности се чини дека ја губат својата моќ, додека нејзините нови локации стануваат сѐ помоќни. 134 Margina #17-18 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Елтон Џон отиде дотаму што изјави дека ќе ни ја збрише ‘Ќе преживеам’ (I Will Survive) и од помнењето и од џубоксите и од парадите на гордоста“.133 Пред тоа, сфаќајќи дека меѓу поп-ѕвездите ја беа вивнале огромна маса геј-обожаватели, Гага заземаше сѐ поотворени и поексплицитни политички ставови во прилог на геј- и лезбејските права; во 2010 година држеше политички говори и си ги мобилизираше обожавателите за укинување на законот „Не прашувај, не кажувај“, законот со кој Конгресот им забрани на нехетеросексуалците отворено да служат во војската на САД.134 Овој политички ангажман кулминираше со нејзиниот нов сингл, „Ваква родена“, во кој се инсистира дека „Бог не греши“ и дека сите „животни хендикепи“ (меѓу кои Гага експлицитно ги става нестандардните сексуалности, и родови, прилично хомофобично, заедно со небелечките расни и етнички идентитети) затоа се природни и правилни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нервозата на свадбата произлегуваше од сето тоа: од една страна од стравот на Хана како ќе се справи со обичаите на нејзината нова заедница, од другата, со фрустрацијата поради изневерата на родителите, но и од стравувањето на Леон како нивната врска ќе функционира и конечно, од немата запрепастеност на неговите родители и роднини за тоа како ќе се вклопи дојденката во нивниот строг и скромен начин на живот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но Јана ми ја прекина мислата со нејзиниот нов серијал на поигрувања со досетки: - Со прстите, мислам сега на палците, им ги склопуваме очите на оние кои си заминуваат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Лежеше околу нејзините нови црвени чевлички, кои почнаа да потемнуваат кога врз нив една по друга паднаа неколку тешки и солени капки.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Полошо е дури и од кога ќе се опседнеш со врвчето на носот, не можеш да заборавиш на него и постојано го забележуваш.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Можеби и му порачал на мој Ролан да биде внимателен, нежен, и по можност да го стори тоа во името на газдата Иван Степанович.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Можеби и му се умилкувал, дека тој лично, Иван Степанович, се потрудил нему, на својот верен пријател да му ја приреди таа чест, тој да ја воведе девојката во нејзината нова професија.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ете, ако прашаше за нејзините нови врски можеше и по телефон да му соопшти.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Или, за да ја доразоткрие вистината за нејзината нова врска! Нешто начул- недочул, или наседнал на нечија приказна.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Овојпат таа се предаде без да поставува барања.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нејзиниот нов свршеник, вдовец без деца, со среден живот и решен да се ожени во католичка црква, ја оставил да го чека пред олтарот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но тогаш почнуваа нејзини нови, големи, невидени маки.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таков требаше да биде нејзиниот нов договор со Севишниот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа, во новата т.е. пререгистрираната фирма, беше вработена со договор за вработување на неопределено време бр. 03-3/22, од август 2005-та2 – три години пред да настане конкретниот работен спор со нејзиниот нов „газда“, иако претходно, во истата аптека, имаше остварен работен стаж од над 25 години, односно таа сиот свој работен век го имаше поминато во истото претпријатие.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Погрешна примена на материјалното право постои кога судот не ја применил одредбата на материјалното право што требало да ја примени или кога таквата одредба не ја применил правилно (чл. 345, ЗПП). 217 Папазова против Градска аптека Спор за неисплатени надоместоци1 Nemo in persequendo vel agendo deteriorem causam, sed meliorem facit (Paul. – D. 50,17,87) Со покренувањето судска постапка никој не [треба да] се доведува себеси во полоша, туку само во подобра позиција Работничката Јелена Папазова од Велес (сега 51-годишна) беше вработена во поранешната јавна Градска аптека „9ти Ноември“ во нејзиниот град – којашто, по приватизацијата, го носеше целосниот назив Приватна здравствена установа „Градска Аптека“ – Струмица, бидејќи сега седиштето на фирмата сега беше заведено во оваа општина.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Второ, фирмата што избира стратегија за нејзиниот нов производ мора да се обиде да ги погоди можните стратегии на останатите фирми знаејќи дека мали промени во сопствената стратегија би можеле да ја нарушат насоката на другите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)