Собата се затемнува уште повеќе, и нејзиното исправено тело, посеано со тенки, скоро проѕирни ленти, што како бледо-црвени камшици ја обгрлуваат нејзината силуета, сега е сосема нестварно, а сепак близу, толку близу што го насетувам влажното дишење на невидливиот плот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Како што ги отвори очите, така пред себе, седната на еден стол крај масите отспротива, ја здогледа Елефтерија и, вертикално со нејзиното исправено торзо, дебелиот сиџим чад што малку десно од нејзиното теме се ширеше хоризонтално поставено облаче.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)