Се сврте кон мене и ми се загледа во лицето обидувајќи се да каже и да чуе повеќе од било кој нејзин или мој збор што би бил изречен во тој момент.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Таа му се вткаја во мислите и чувствата, дури ги одредуваше и неговите импресии и набљудувања, сите негови реакции беа под влијание на нејзините или беа измешани со нив.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ти ја поздравуваш, и со насмевка и со рака, ти отпоздравува и таа, но не те поканува на нејзината или нивната маса.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Многу настани од животот на семејството и од судбината, Мајка ги кажуваше низ некоја народна поговорка или низ некоја што самата ќе си ја стокмеше, без да знаеме дали е нејзина или е позајмена.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)