Од проучувањата на империите на Балканот, беше заклучил дека секогаш кога на нивниот врв ќе се најдел император- јаничар, тој секогаш, сакајќи да ја докаже величината на својата изместена душа, бил готов да ја одржува илузијата на победата по цена на поразите на другите, но и на своите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Билјана молчеше. Неколку пати ги крена очите, ползејќи со погледот по тополите угоре, до нивните врвови што се забиваа во небото...
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Ги толчеа најубавите куќи, а ја столчија пред мои очи и пред очите на таткото на Алегра и нашата синагога, онаа со двете кули во матроски риги и личните кубиња на нивниот врв.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Земете ги како пример големите саеми што постоеја во Европа уште во 13 век: на нивниот врв беа пазарите со пари, па потоа пазарите на луксузна роба, а на дното ја наоѓаме храната и другите основни производи.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Дојдов до него и го тргнав за ракавот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)