нивен (прид.) - група (имн.)

Не гледав зошто бидувањето геј треба да биде поинакво – зошто одеднаш треба да прифатам туѓи вкусови само зашто моите сексуални практики ме означиле како припадник на нивната група.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Семјон кажуваше дека тие генерали не дошле во градов заедно со нивната група туку по некој друг пат. По кој пат?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сани останува надвор од комбето колку што може подолго.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Понекогаш некој ќе ѝ понуди превоз до паркот, или зоолошката градина, или трговскиот центар и таа прифаќа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога има долар и пол си купува еспресо во кафулето каде што келнерката има слушнато за нивната група.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Само оној, кога беа наближени до селото, се оддели од нивната група и скитна некаде, сам.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Всушност, би требало да се спушти прозрачна ткаенина или средна завеса, на која целата нивна група би била насликана со точно повторување на позите.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Никогаш не можел да има таков однос кон работите, ниеднаш не ги посакал за себе, пред да помисли дека за секоја од нив треба и самиот да остави нешто; мислеше на убавината на едно такво имање, кога ќе можеш она да го покажеш со отворено лице пред сите, и на нечистотијата на едно онакво имање, а знаеше дека тоа го имаат во себе и повеќемината од нивната група; беа малцина оние што му завидуваа и што му се дивеа на оној.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)