нивен (прид.) - дом (имн.)

Нејзинит сопруг секогаш ја чекаше пред куќата и потоа тие заедно си одеа во нивниот дом.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Слога владееше во нивниот дом.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Но, ниту Снеже ниту Саво не ја губеа надежта. Знаеја дека еден ден и во нивниот дом ќе се чуе детскиот плач и смеа и дека ќе бидат добри родители.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како што ја омаловажи Магдалена, како што ги омаловажи скромните христијани од Антиохија јадејќи и пиејќи во нивниот дом, а потоа откажувајќи се од нив како што се откажа и од Учителот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И се пазат од тебе, и од посетите твои во нивниот дом, ама тоа женичките само... . . .
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Дури и таа самата почна да размислува - дали таа нејзина бременост и неа не ја спречува да го напушти нивниот дом?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тоа можеби и беше така, но таа не му поверува. Ѝ беше јасно дека се противат на нејзиното присуство во нивниот дом.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сега, што е тоа што ги натера да ѝ ги отворат вратите на нивниот дом?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но во нивниот дом беше постојано присутна неговата насмевка на лицето. Ведрина, што ја внесе за првпат.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тој бил речиси сигурен дека станува збор за поединец од групата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во идниот момент беше дури и поодреден: тој сметал дека трагата што ќе го доведе до татко му веројатно водела кон борците што гостувале во нивниот дом по онаа позната борба зад Сина Скала.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или се случило на туѓ врат да видите сличен на нејзиниот гердан, или, што е уште поразумно, дозволете да заклучиме дека вам само ви се причинило оти ја имате видено истата скапоценост на вратот на секретарката на другарот Ѓурчин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Од вашиот престој во нивниот дом поминале повеќе од печес години.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
8. Она што во преминов ќе го сонуваат, ... овој терминално разигран пар, кога наскоро ќе заспијат, ќе биде прескокнато: секвенците од соништа се строго забранети во нивниот дом, па и ако е тоа само изнајмена соба на некој карипски или флоридски остров, најнов и последен во среќно протегнатата низа низ со работа исполнетите децении на нивните споени животни приказни.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Освен тоа, него го разјадува и помислата потекната од едно матно, никогаш неразјаснето сомневање, дека Лила нешто пред неговото заминување од нивниот дом во престолнината, почна да го изневерува.  Откако се зедоа, тие двајцата водеа удобен живот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Такво нешто во нивниот дом се случуваше навистина по долго време, можеби по една година или две.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Се селеле од еден стан во друг во еврејскиот кварт Леополдштат, и во секоја улица во која се вселувале им се раѓало по уште едно дете – Роза во Вајсгарберштрасе, Марие во Пилерсдорфгасе, јас во Пфефергасе, Паулина во Глокенгасе, Александар во Пацманитенгасе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сара беше една година постара од мене, и имаше три години постара сестра, Берта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со месеци во нивниот дом единствена храна биле лебот и солта, а кога им останале уште само неколку заграби брашно, решиле да се преселат во Виена, каде што Јакоб Фројд почнал да му помага на таткото на Амалија во трговијата со ткаенини.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дотогаш јас ја знаев само како лик кој набљудуваше низ прозорецот, а потоа нејзиниот татко му беше рекол на брат ми дека во нивниот дом сега доаѓа неговиот колега од факултетот, доктор Ернст фон Брике, сликар – аматер кој почнал да ѝ држи часови на ќерка му, и кој побарал на часовите да доаѓа уште некое дете, затоа што така би се постигнала подинамична работа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Веруваше дека брановите ја пренесуваат вистината до прагот на нивниот дом, тоа парче од славниот пат Виа Егнација, од таа можна врвица кон Атлантида.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„Не е в ред?“ ја гледаше оваа жена и, да, беше тоа неговата жена, беше тоа некој нему познат, и ова е нивниот дом со висок таван и изветвени тапети.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)