нивен (прид.) - идентитет (имн.)

За Татко тоа беше откривањето на една вистинска ракописна Атлантида на Балканот, на едно прекинато и изгубено време, која според Татко требаше да доведе до нова свест кај балканските народи, во однос на комплексноста на нивниот идентитет и до ново откривање на историјата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ова често е проследено со истражување на тоа на кој начин индивидуата била вовлечена во тој начин на доживување на работите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Се труделе на тој засмејувачки начин да се здобијат со, мора да се признае, слабичок пристап до еден воспоставен општествен идентитет кој – за разлика од нивниот идентитет – го легитимизирал и го авторизирал тековниот јавен израз на тагата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Притоа, најчесто бил доведу­ван во прашање нивниот идентитет.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Овие екстернализирачки разговори го “егзотизираат одомаќеното”, на тој начин што со нив индивидуите ги идентификуваат личните приказни и културните сфаќања коишто ги живеат; тие приказни и знаења ги водат нивните животи и го одредуваат нивниот идентитет.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Низ екстернализирачките разговори, нивните лични приказни веќе не се приказни за нивниот идентитет и за вистината на нивните односи со другите - овие лични приказни веќе не ги цементираат нивните животи.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Од овие екстернализирачки разговори произлегува нешто што би можело да се нарече контра-јазик или, како што Дејвид Епстон (David Epston) неодамна предложи, “анти-јазик”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)