Тогаш жителите на Потковицата се ставија на страната на Виша, на Вељаноските и на Петара Акиноски, и речиси отворено се потфатија со Комитетот, но, на крајот, мораа да си помолчат.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Потоа, откако ја пронајдоа, сета очајна и по исплакувањето на Молитвена Вода, пак со нивна помош, на луѓето од Комитетот, замина од Потковицата, отиде да стане калуѓерка во некој од Охридските манастири.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сметала оти со нивна помош Рибоокиот успешно ќе ја заврши работата.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Така, покрај стандардните воени вежби на југословенската армада и цивилното пучанство требаше да биде заучено на соодветен пакет мерки и активности од полувоена природа, за со нивна помош целосно да се инфилтрира во концептот Сите сме одбрана.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Но, британскиот интерес бил насочен кон Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
И затоа не би требало да биде изненадување тоа што британскиот фелдмаршал Сматс, во упатеното писмо до Черчил, ќе нагласи дека и покрај нивната помош на Тито, НОВ и ПО на Југославија не се однесувале лојално и дури сосема бил во право кога сметал дека Титовата "супремација во Југославија" ќе им наштети на британските интереси.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Токму со нивна помош модерната наука и техника ја поттикнаа индустриската револуција и на крајот на краиштата и дигиталниот изглед.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Ги смирив некако, но со сета нивна помош далеку не стасавме.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Да се штити козата, значеше да се заштитат овие неми, немоќни суштества што ги создал Бог и ги испратил, човекот со нивна помош да се заштити себеси.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Но бидејќи тешко му одеше, излезот го бараше во вулканите: со нивна помош сакаше да го реши потфатот, зашто вулканите се тие што ја создале живата материја на земјата; тие ги имаат сите потребни неоргански состојци за тоа: амонијак, метан, водород, цијановодород, јаглендиоксид и други, од чии соединенија, под дејство на висока температура и со присуство на водена пареа, се создаваат органски молекули, се постигнува синтеза на аминокиселини, нуклеински киселини, белковини и други потребни молекули за создавање на жива материја.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)