Кога не можат да побегнат, замислуваат дека другите, оние кои можат да ја стоплат и исполнат ледената пустош во нив, се предмети, и дека секое човечко суштество е само прецизен механизам, не повеќе жив отколку некој часовник, и така безживотен не може да ја измести ужаснувачката мртвост на нивната празнина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
А кога не можат ниту да побегнат, ниту да се уверат дека другите се само прецизни механизми, чувствуваат како другиот да го осакатува нивното Јас, како да ја касапи внатрешноста на тоа Јас, и тоа чувство ги полни со страв и со омраза. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)