нивен (прид.) - средба (имн.)

За нивната средба, за која не можеше да претпостави дека ќе им биде последна.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сепак сличноста не била случајна.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Денес со сигурност се знае дека сликарката што Дишан ја посетил на Монмартр е негова ќерка, денес жена на 80-тина години, која жали единствено што нејзиното познанство со татко ѝ траело толку кратко (тој умрел две години по нивната средба). 116 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Со Славица не се познаваа многу, ова беше втора нивна средба.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За да ја илустрираат биологијата на човечкиот јазик, тие го примениле примерот на Trophalaxis, (трофалаксис), механизам на комуникација меѓу инсектите кои живеат во групи: Постои постојан проток на секрети меѓу членовите на една мравја колонија преку размената на стомачната содржина при секоја нивна средба...што резултира во дистрибуција, низ целата популација, на извесен број на супстанци (меѓу нив и хормони) одговорни за диференцијацијата и спецификацијата на улогите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Андон ретко се среќаваше со Круме Волнаровски, но секоја нивна средба имаше сериозен карактер, пред сè службен.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Инаку што можеше друго да значи нивниот последен ден во селото, последната нивна средба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се раѓаше радоста од поттикот на желбата за нивна средба, потпомогната од долгиот копнеж на исчекување.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)