Имено, повеќето од нив беа Мариовци од селото П’чишта кои оваа година ја откупија планината од Селим-бег од Солун за триста и седумдесет гроша – дваесет квадратни километра борова, букова и дабова гора со не помалку рудини и пасишта, за да не им клава бегот сточари Власи и Мијаци, а нивната стока да умира за вода, паша и од жештина долу крај селото.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Тие можеби би пуштиле еден лош да се сврти набрзина, ама секако не сакаат да отрујат никого, бидејќи во тој случај полицијата би била обврзана да примени многу поактивен пристап кон нив.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тие исто така нивната стока можат да ја направат тешка за фалсификување така што ќе направат помали таблети што се тешки за копирање.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Имаа од рошки подигната колиба, а на падините на Горник, под гробиштата, пасеше многубројна нивна стока; низ неа се разбркуваа весели и јадри дечишта.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)