Значи (за разлика од нивната уметност - овде сосема несвесно), Динос и Џејк Чепмен, со карактеристичен недостиг на став (што е една од главните забелешки кон популарната култура) упатуваат на вкоренетоста на насилството и смртта во јазичките структури.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во овој век интерпретативните текстови за уметниците и нивната уметност достигнаа беспримерен степен на влијание, делумно поради својот обем и разновидност; а јавното мислење честопати е моделирано барем исто толку од објавените критики колку и од директното восприемање и доживување на делата.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Сепак е јасно дека Риверс поседува креативно јадро, и дека неговите неуспеси најчесто се резултат на первертирањето на неговата моќ и неспособноста константно да остане во контакт со своето влијание. желбата за признание и награда без сомнение е пречка во развојот на Риверс а неговиот нагон да живее и работи со полна брзина, понекогаш го попречува а понекогаш го свртува неговиот пат од талентиран но дезориентиран почетник, кон значаен оригинален мајстор на модерната уметност.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Воопшто не се сомневам дека третманот на Риверсовите дела од страна на критиката е под силно влијание на реакциите на критичарите на неговата личност, и дека неговиот намерен публицитет и спремност јавно да ги признае мотивите и целите што другите уметници исто така ги имаат но ги чуваат во својата приватност, го обои вреднувањето на неговата уметност...
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Во една кариера обележана со периодично напуштање на успешните техники и методи на работа, со постојани обиди успешно да се обедини формата со значајната содржина и со една лична блескавост која што често се закануваше да го затемни креативното достигнување, не е лесно да се лоцира адекватниот центар на енергија од којшто целата извонредна креативност се ревитализира самата себеси.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тие се и таблоидно ѓубре и академска статија, тие се непоправливи популисти, но како и секоја ѕвезда имаат потреба од забележително појавување и култивирана митологија. 120 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Оние надвор од Британија кои за Жилберт&Џорџ знаат од книгите, од сериозните есеи во каталозите и филозофските размислувања за нивното дело, можеби ќе бидат зачудени од бројот на интервјуа, профили и новинарски истражувања во врска со Жилберт&Џорџ објавени во Британските весници и популарни спиисанија, и ниту едно од нив ниту ја допира нивната уметност на начин кој би бил поинаков од еден дополнителен поглед врз бизарноста на нивните животи.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Посебната перверзност на оваа асоцијативна нишка е во потеклото на изразот „Fanny Adams“, што било име на една жена монструозно искасапена од некој си психопат, така што од неа не останало баш ништо.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)