нивен (прид.) - универзален (прид.)

Станува збор за градот, за реката, за тврдината, за езерото, за границата, за родната земја, проследено со постојаниот неодредувачки карактер, својствен на сказните со нивниот универзален карактер.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Потоа следеше долгогодишното и интелектуално плодоносно пријателство со големите поети на Франција од различни генерации како Андре Френо, Ежен Гилвик, Анри Мешоник, Робер Мале, Жак Гошрон, Жан Русло, Серж Фошро (критичар и есеист), Филип Делаво и други, кои на еден емотивен начин се приврзаа за Македонија, за Езерото, како делови од нивната универзална татковина на животот, и на чие пријателство, поддршка и разбирање можев да сметам во моите париски дипломатски години...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И така, два клучни настана од Поетската Република беа во врска и со моите подоцнежни дипломатски години (кој да го знае патот на судбината?): престојот и пријателството со палестинскиот и арапскиот поет Махмуд Дарвиш и со големиот шпански поет Рафаел Алберти во летото 1978 година и преписката, престојот во Струга и повеќедецениското пријателство со францускиот филозоф и социолог Едгар Морен во 1990 година, со потекло од македонските сефардски Евреи...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)