Та сеедно кој, дали ајдутинот што го одвел Бошета нивни или сам свети Јован Крстител, ним им го оставил, но Јанческите мудро одговараа: Таква ни била судбината, на сам прв ден Водици да ни го отепаат татак, да ни го земат Бошета и да ни ја остават Драганка за ние да ја порастиме.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)