Целта на ниските, кога воопшто имаат цел - зашто постојана карактеристика на ниската група е тоа што се премногу измрцлавени од ринтање за да бидат свесни, освен повремено, за било што друго што е надвор од нивниот дневен живот - е да се укинат сите разлики и да се создаде општество во кое сите луѓе ќе бидат еднакви.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
По револуционерниот период од педесеттите и шеесеттите години, општеството се прегрупира, како и секогаш, на висока, средна и ниска група.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Од гледна точка на ниската група, ниту една историска промена никогаш не значела многу повеќе отколку промена на името на нејзините господари.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Според термините од нашата претходна класификација, проловите се ниската група: зашто, ропското население од екваторијалните територии, кое постојано преминува од едни раце во други, не е постојан или неопходен дел на структурата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)