Северната граница мине по источните и југозападните падини на Рила планина, ја пресекува Струма кај Горна Џумаја, за да избие потоа на вододелот на Осоговските и ниските планини, кои на запад се простираат до нискиот вододел помеѓу Вардар и Морава кај Прешово.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Усвитената тепсија на сонцето се беше одлепила од магличавиот метал на ниската планина и веќе јуреше по смирените бранови на езерото, навлегувајќи преку водните трски и наросените камења на грагорната плажа во подотвореното крило на нивниот шатор.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Патуваше така Зоки од еден мал град во едно големо село, па покрај една широка река до едно долго море, дојде во една тесна улица, а потоа изби на еден малечок плоштад, па виде една ниска планина и се искачи на една висока рамница, и сѐ така патуваше и патуваше по целиот, по целиот свет...
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Долу во теснецот се гледаше бетонската брана, а десно водата свиваше меѓу ниските планини далеку до устието на реката што се влеваше во него. Стоев така простум со крената рака.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)