нов (прид.) - буква (имн.)

И сочини Писмородецот точно триесет и две букви, триесет и две сликички за зборови триесет и два без кои не може ниеден владетел, и кои нужни му се во уката на владеењето со други, меѓу кои најважни се: „јас“, „власт“, „уво“ (доушник што значеше, човек што слуша кој што говори за власта и потем преподава кај царот) и други, а писмото тоа изгледаше целото вака: Кога виде отец Стефан дека е добро словото што со своја рака а со писмото новородено го сочинува логотетот, му предложи да издаде заповед: по целото царство да се изучат сите нови букви; писарите, отците, управителите и сите грамотни да ги заменат старите со нови букви, за да го разбираат владетелот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
За тоа време ибн Тајко одеше редовно кај струшкиот поп, и секојпат кога ќе му донесеше младо пастрмче за мезе, го тераше да прочитаат по нешто од Молитвеникот, и така научуваше од него по една нова буква.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И потем стана, побара дозвола да замине, ја зеде книгата со словото сочинето со новите букви на писмородецот Стефан, се поклони пред логотетот, се прекрсти пред нас и излезе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Пречесен владетелу“, рече Филозофот, „словото испишано со новите букви гласи, од збор до збор, вака: Јас, логотетот на Византија, ви порачувам: со овие букви од денес слова ќе сочинувате, оти повистинити и поточни се од старите.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Откако Ататурк го укина арапското писмо и ја воведе латиницата, имав чувство дека, со новите букви, ги заробував старите, арапските...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Таа чест ја имаше само уште отец Стефан, кога сочини нови букви, оти логотетот не можеше никако да ги научи постоечките и се жалеше дека се многу сложени.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)