Постапки за издавање работна дозвола врз основа на барање на странец и барање на работодавач и корисник на услуги а) кај постапката за издавање на работна дозвола врз основа на поднесено барање на странец дојде до бришење на обврската на странецот заедно со барањето да достави и деловен план за подобност од самовработување, каде што ќе биде приложена инвестиционата и економската придобивка за државата, бројот на нови вработувања, како и доказ за расположливите фондови за реализација на активноста, а секако се ова во контекст на интенцијата на Владата нашата земја да ја претвори во „бизнис рај“ за крупниот капитал.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Како позначајни промени во работничките права на странските работници во периодот 2010-2014 можеме да ги утврдиме: бришењето на експлицитната обврска странецот заедно со барањето да достави и деловен план за подобност од самовработување, каде што ќе биде приложена инвестиционата и економската придобивка за државата, бројот на нови вработувања, како и доказ за расположливите фондови за реализација на активноста; за да биде издадена нова работна дозвола, странскиот преместен работник дополнително се задолжува да достави доказ дека за него се подмирени сите давачки кај работодавачот каде бил претходно работно ангажиран; се утврди временски рок од 5 дена за издавање, продолжување и одземање на работните дозволи и сертификати по поднесувањето на барањето за работна дозвола; се отвори можност за странецот барањето за издавање на работна дозвола да го поднесе и во АВРМ.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Останати промени а) новина во основните одредби на ЗВРС е обврската на АВРМ, по службена должност да направи прекин на работниот однос, по истекот на важноста на работната дозвола ако со неа бил заснован работен однос преку соодветен образец (чл. 1 од ЗДЗВРС/окт.13); б) со интервенцијата на Уставниот суд кај ограничувањето за нови вработувања или работа, најпрво беше касиран противуставниот текст кој нормираше дека доколку работодавачот не ги намирил своите обврски за даноци и придонеси, нема да може да добие работна дозвола за вработување на странски работник.66 Се пропиша уште еден дополнителен случај кога барањата за издавање на работни дозволи за странец, поднесени од работодавачи основани во РМ ќе се одбијат, а тоа е кога „постои негативно мислење од страна на Министерството за внатрешни работи во однос на издавањето на работната дозвола.“ (чл. 2 од ЗДЗВРС/окт.13)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)