Се појави сосема нов дел од мојата личност кој таму некаде длабоко тлееше и чекаше да дојде време да биде откриен.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Трновските улици, ако се исклучат тие од новиот дел на градот, со тесни калдрмисани сокаци, со куќи кои така се наведнале една до друга, што се чини дека во покривите се допораат или се поставени една врз друга, та изгледа дека се дал на некоја повеќекатница, на некој облакодер.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Татко, откако ја допи првата шолја чај, стана од својата фотелја, се упати кон прозорецот, го подотвори и го упати погледот кон реката па потем кон дрвениот мост кој го поврзуваше стариот со новиот дел на градот, на десната страна беше модерниот, а на левата постариот дел.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Секогаш кога ќе станеше свесен за нов дел од телото на некоја девојка или жена – тајната што се наѕираше под подотворената или божем од негрижа подраскопчаната блуза подмамливиот јазик на облиците на дојките, чекорот на нозете, незаштитеноста на облиците на вратот, подвижувачката моќ на разнишаноста на колковите, заносното бранување со кое таа се одалечува од погледот подоткриеното колено, незамисливото и толку посакувано под сукњата на коешто не смееше ни да помисли пради невиноста на младоста...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
За подобро да се снајдиме во овој нов дел на Драч, како ориентир ни избравме белата касарна на албанската воена морнарица и фабриката за цигари и штавење кожи. Тие ги паметиме.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Неговата мајка, од турски корен, сакаше да замине со својот нов дел на семејството кај стариот дел, кој веќе беше добро ситуиран во Цариград, наспроти желбата на сопругот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Околу пладне влезе во новиот дел, каде што брезите беа штотуку насадени, ѝ се слоши на вратата на станот на господинот Бранџолица, па ја внесоа преку прагот, ја седнаа на стол до пијаното и ѝ дадоа вода. Се созеде.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)