нов (прид.) - идеја (имн.)

Тие течења се вкоренуваат првин во долните класи и воопшто кај луѓето без предубедување, готови да се борат со тие предубедувања во заштита на новите идеи, од чие реализирање ќе зависи не само нивната, туку и среќата на нивниот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Налик на кинематографски Џенифер Бартлет (Jenifer Bartlett), Гринавеј поставува секоја можна варијација на темата вода, од најлитерарна до најапстрактна, за да создаде кумулативен ефект. (...) Иако ниту една не е експлицитно прикажана, Гринавејовата реинтер­претација на “Бура” содржи три суштински нови идеи. (Сите се објаснети во придружната книга, исто така насловена “Книгите на Просперо”, којашто се смета за иконографски толкувач на филмот.) Првата е да се прикаже Просперо како еден вид драмски писател со натприродни способности, којшто симултано ги пишува дијалозите, ги одигрува сопствените делови и деловите на другите и ја произведува акцијата во филмот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кога Татко ќе го охрабреше некоја нова идеја, читајќи на чардакот, со нескриено задоволство слегуваше во Мајкината градина во која се ширеше миризбата на расцутените црвени каранфили и трендафили, заедно со опојната миризба на жолтите цутови на анамската рака која ги покриваше долните ѕидови на куќата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Вистински беше среќен во својата балканвавилонска библиотека од каде од чардакот на куќата како да земаше залет со своите нови идеи да ја прелета Тврдината, да ги мине границите, кои беа запрени во него и се бореше да не продолжат и во неговите деца.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко воопшто не му даде на знаење дека Камилски се оддалечил од темата, но тој, сепак, го разбра својот пријател: Андре Мазон во својот труд за Лексиката на војната и на Револуцијата едно значајно поглавје ќе им посвети на туѓите заемки со висок степен на научна неутралност.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски долго време зборуваше за личноста и делото на Андре Мазон, според Татко оддалечувајќи се од нивната мисија, но остануваше полн со разбирање и толерантен кон искажувањето на Камилски, верувајќи дека тој, сепак, ќе се врати, по заобиколен или спореден пат на основната тема, ќе ја збогати потрагата со нови идеи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Историјата на светската мерценерија, било римската, руската или мамлечката, ја немаше новата идеја да се создаваат јаничарските елити од преобратените души.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И кога во еден период Татко конечно согледа дека ќе мора да ја одложи за други времиња работата врз својот проект на животот, пишувањето на книгата Историјата на Балканот Балканот низ падовите на империите, реши да изврши нова значајна реформа во својата библиотека, да го промени распоредот на читањето на книгите, во потрага по нови идеи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Го зел вообичаениот предмет и го поставил на тој начин што неговото употребено значење се губи под новиот наслов и новиот агол на набљудување - за тој објект создал нова идеја.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тоа дали господин Mutt (псевдонимот на Дишан за таа прилика) ја направил „Фонтаната“ со сопствени раце или не, не е важно. Тој ја ИЗБРАЛ.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Значи, една веќе етаблирана уметничка стратегија која не само што не носи ништо ново, туку и делува како кочница во имплементацијата на новите идеи и зафати.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тој зема еден секојдневен предмет, го постави така што неговото функционално значење исчезна под новиот наслов и новата точка на гледање - тој за овој предмет создал нова идеја.” 26 Margina #3 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Секој нов момент, секоја нова идеја е ново искушение.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
А Марин Крусиќ, вистински заинтересиран за одолговлечување на работите, постојано додаваше нови идеи за дрангулии, надгледувајќи си ги во исто време со задоволство своите лозја и вина.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Воопшто не го забележуваат потрошувачот. Sillicon Valley на многу начини потсетува на дигиталниот Детроит. u Но, многумина мислат дека Sillicon Valley и подрачјето на високата технологија се едно и тука идеите би требало сѐ уште да имаат своја вредност: младите претприемачи добиваат “Venture kapital”, а големите претпријатија се на лов по нови идеи. 92 Margina #17-18 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Повеќето предлози се неважни, но и покрај тоа важно е да се биде отворен за нови идеи. National Enquirer објави дека VPL Се обложувам во пица, развива шпионска ракавица. дека за триесет години ќе Секако! (смеа) Напишаа дека работиме се испостави дека луѓето со CIA на развивање на робот со посебна се креативни. рака, што би ја ранеле со data glove.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Прилично лесно ги прифати моите предлози.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Иван е горе, под Сина Скала. Не верувам дека има нова идеја во врска со погребот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Остана верен на обичајот, кога го плени нова идеја според неа да го смени и распоредот на книги во библиотеката.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Секоја искуствена мисла ја врзуваше со идна нова идеја - визија!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
За да се разбере проблематиката на домашни територии, корисно е да се проследат ефектите од овие нови идеи врз современата конфронтација меѓу симболичката Вештачка интелигенција (што ја задржува хиерархиската организација на центрите) и новата Конекционистичка школа, заснована на нелинеарната динамика и децентралистичката концепција на умот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Докинс (Dawkins) го предложи зборот „меми“ за да ги опише овие авто-реплицирачки идеи што се шират низ популацијата, предизвикувајќи културални мутации.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Терминот популарна култура е посоодветен, иако претпоставува постоење на два вида култура (висока и популарна), кои се толку различни, што е невозможно да се споредуваат. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 110
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Индивидуите се активирани да се променат кога од останатите во својата група ќе примат сигнали за некоја нова идеја.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Модот на комуникација ја одредува не само брзината, туку и природата на промената.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И уште повеќе: оваа индустрија е „најнапред сама на себе ефект - ефект на повоените општествени промени, ефект на придружните класни, расни и полови односи, ефект на новите идеи за популарната музика, уметност и култура.“ (Frith, 259)
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се однесува на комуникациите и пренесувањето на нови идеи и ставови.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
4 Herbert J. Gans тврди дека овој термин е помалку соодветен, затоа што има очигледно негативни конотации, бидејќи масовната култура наведува на недиференцирана заедница, дури џган, а не на поединци, членови на група.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)