нов (прид.) - кадија (имн.)

Али Фети ја допушуваше последната пура.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не се оствари надежта на еден на основоположниците на новата Република Турција Али Фети Беј Окјар, соучесник и пријател на Мустафа Кемал Ататурк од Воената гимназија во Битола, негов прв премиер и верен пријател до крајот на животот, Татко, неговиот внук, нов кадија и на шеријатот и на модерното европско право, да го започне искачувањето кон врвовите на новата владетелска хиерархија во нова Турција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше подготвен да го слуша цела ноќ, но во кажувањето на вујко Али Фети имаше цела стратегија Татко да се придобие да се приклучи кон семејната традиција да стане нов кадија во Република Турција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Зулумите на силеџиите и башибозуците како да станаа поретки, а за новиот кадија Махмуд-бег и да не зборуваме, зашто тој му се покажа многу приврзан на баш-азата, та ја судеше поблаго рајата, и справедливо.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Намерно го рече тоа пред новиот кадија, за тој да не се занесува со она што се занесуваат сите новодојдени, дека ќе го менат светот и ќе бидат поправедни од другите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се исмеа пашата, ги протри дланките и му намигна на новиот кадија Махмут-бег.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Чув, за нов кадија го ставиле Махмут-бег, та може таму ни е среќата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А може и новиот кадија да поможи со нешто”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А ти, заедно со овие твои Мариовци, ќе отидеш до Прилеп, ќе му го прочиташ ферманот на новиот кадија, што ќе го назначиш, а стариот Арслана ќе ми го доведеш лично мене овде.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кладе нов кадија на прилепскиот кадилак, но стариот не можеше да му го доведе на везирот, бидејќи и овој, како и силниот Сулејман, беше се преселил кај големиот пророк уште зимата, кога затворениците лежеа во Цариградскиот затвор.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
РЕЧНИК НА ТУРСКИ ЗБОРОВИ И ПРОВИНЦИЈАЛИЗМИ
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Парите секоја година до Митровден да бидат донесени – а кон Арслана – Нареди, Арслане да им се симнат прангите. Ајде на работа, и со здравје да си одите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)