нов (прид.) - лекција (имн.)

Врвот и не е така далеку, зошто да брзаме да ја достигнеме целта, кога сѐ уште растеме заедно со животот, се менуваме, го надминуваме секој предизвик, потешко или полесно повеќе и не е важно.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не, судено било да научам нова лекција. Уште едно улично училиште.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Потоа „родителите“ ти даваат награда, а по наградата следува нова лекција, уште потешка, уште пообемна.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Х.Х. беше готов да ни одржи „нова лекција”.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Секој ден е нова лекција на животот, нешто и ќе научиме, нешто и ќе заборавиме, нешто ќе добиеме, нешто и ќе прокоцкаме, на нешто ќе замижиме и ќе проголтаме и ќе простиме, себе си и на другите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Нешка уживаше во неговото знаење и не пропушташе ни еден одмор да не го слуша како ја раскажува и старата и новата лекција.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)