Родителите имаа притаена и смирена побожност што никогаш не ја пренагласуваа низ верски дејства, повеќе во нив беше насобрана некаква нужност за верување во единствената семоќна сила, по толкуте неприродни умирања во семејството, ненадејни и неизвесни преселби, постојано страдање, нови напори за прилагодување во туѓата средина...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Тој го задира: „Најди ме, најди ме!” - и мајсторот прави нов напор, се подналактува уште пониско на столчето, ги збира уште повеќе веѓите, и бара, и бара.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Вторник Декември ...изгубив сè, некое самочуствие ја корне утробата од моите нови напори.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Само умирав со напор барајќи ги во втората Марија твоите добрини и оживував за нови напори откривајќи во таа Марија само Марија, обична Марија. И една Марија.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Мајка, поштедувајќи го од нов напор, излезе од собата...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)