И знам дека штом таа сина точка биде доволно згусната, ќе тргне кон мене ширејќи се во некој облик во некој нов настан што ќе го доживеам, што ќе ми донесе нова страотност и веќе ми студи од страв.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Во нејзиниот ракопис, според моделите на францускиот краснопис, кој со векови се учи во училиштата во Франција, се криеше времето на учењето кај лазаристите, во Солун, се криеја новите настани, кога Мајка го штитеше својот ракопис во долгите периоди на нешколување, соочена со големото семејно бреме, да нѐ одгледа, да нѐ исчува, да нѐ спасува.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тогаш можело од трупиштата да се соѕида кула до ѕвездите.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во секоја негова прикаска 'ртеше семе на нов настан.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)