Се плашеше некој на неговите сакани Балканци, да не им ја фрли во нов облик семката на јаничарската идеја.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Се создадоа услови за појавување на еден суштински нов облик на уметничко изразување - уметноста на комуникацијата, која john fellows настанува со взаемна интеракција и размена меѓу креативни личности било каде во светот, во областите на визуелните уметности, уметностите на звукот, движењето и пишаниот збор.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Откриени беа многу превези на источните култури и во свеста на западниот човек навлегоа нови облици на перцепција што го променија неговото примање на стварноста.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
И тврдините, црквите, манастирите и старите - дотраени куќи наоколу, обвиени и оживеани од бројните приказни и легенди за едно бурно минато, секој час раскриваа пред неговите очи нови облици - сѐ побогати и почудесни...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Таа всушност може да се разгледува како процес кој се случува во време, со кој она што некогаш било предмет на несогласување станува официјална политика, либералните идеи се претвараат во нови облици на конформизам и непокорните елементи се хомогенизираат.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Во самиот свој стремеж да ја издигне буржоазијата, мелодрамата ризикувала да го унижи самиот трагичен жанр.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј-гетата, со други зборови, побудија нови облици на живеење.
Луѓето што ги воспоставија тие гета не беа, главно, народ од средната класа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, бидејќи дрегот премногу очигледно си е жив и здрав, несомнено посрамотувајќи многумина, и бидејќи си добива нови облици – од Дрег-трката на Ру Пол на каналот Лого до доцночасовните заземања на празните Волмарти за дрег-приредби на настраната младина — извештаите дека пропаѓал што и натаму се изнесуваат се некако сѐ понеубедливи и понесамоуверени.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тоа сведочи за појавата на едно силно табу, на нешто што теоретичарот на правото Кенџи Јошино го нарекува „нов облик на дискриминација“ чија „цел се малцинските култури, а не луѓе што припаѓаат на некое малцинство“.86 Можеби ги цениме разновидноста и различноста, но се грчиме и од самата претстава дека малцинствата може да бидат културно различни.87
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таа била трагедија за средните сталежи.
Но, оваа демократизација си имала и своја општествена цена.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Најпосле, таа создаде геј-заедници ослободени од надзорот на стрејт-светот, каде што можеше да дојде до нови видови колективно промислување, кревање свест, културна полетност и себеустројување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто жените, очигледно, не се толку сериозни како мажите, а средните сталежи не се толку достоинствени како елитата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како и хомофобијата, таа вешто си добива нови облици и си наоѓа нови пројави.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Затоа, оној вид трагедија на која мелодрамата ѝ дала нов облик и нов живот била деградирана, второкласен вид на трагедија, соодветен за прикажување на животите на тие што биле неподобни за автентичната трагична сцена бидејќи, како домаќинки, банкари и клерици, не биле баш дораснати за класични јунаци.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таа ја создаде онаа масовна јавност која е суштинска за да се поткрепи културна сцена што е во процут и да се вдахнови постојан политички вриеж.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во такви околности, немаше ништо поскандалозно и понепростливо отколку типот со кој излегуваш да ти се појави на романтична вечера со обетка – што не значи и дека не се случувале такви катастрофи.
Да скратам, постоунволското машко геј-живеење беше дефинирано од појавувањето на една нова мажествена практика на родот и сексот без определени улоги, од која произлегоа еден нов стил и еден нов облик на живеење, отелотворени во геј-клонот и во буч-геј-мажот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Новите урбани мигранти беа, главно, луѓе со скромно потекло кои, во времето на релативниот просперитет што ги обележа крајот на 1960-тите и почетокот на 1970-тите години, можеа во Калифорнија да ги најдат истите неквалификувани работни места што ги имале во Ајова или во Алабама.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Поддржуваше голема комерцијална инфраструктура, во која спаѓаа не само баровите, бањите и другите својствени сексуални институции туку и локален, месно заснован печат и други облици на комуникација,441 сосе книжарници и кафетерии.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тогаш на мене делуваше нејзиниот механички аспект, или барем беше поаѓалиште за еден нов облик на техниката.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
На празникот (бајрам) на рамазанските пости и на празникот (бајрам) на жртвувањето, султанот имал обичај на корпусот на јаничарите да им подарува баклава.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тестото ќе се извива во безброј нови облици, ќе доминира баклавата којашто ќе ги придружува Османлиите во нивните слави и празници, освојувачки походи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Воедно, тука се и новите облици на интеракција.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Овие луѓе овде генетски се модифицирани, мутирале у некој нов облик.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Но, тоа не е ништо. Овде се живее у еден нов облик на симбиоза каде мажите „као нешто“ работат, а жените секое сабајле се собираат у групи од по десетина комада, сркаат турско и „редат“ за Македонија.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Јаничарството беше присутно потоа и во Руската Империја, со познатата царска гарда – стрелцови, за да добие нови облици и во новата советска империја.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Totus mundus agit histrionem – магијата на младешките сништа, играрии, вилински карневали, на мангупски царчиња и шумски духови, на слаткото травеститетво, кога вљубеноста е Атлас, но атлас кој и покрај силата е незапирливо нежен, а светот на новите облици заличува на нестварниот свет од бајката, низ кој талкаме полни со духовна и физичка кондиција и приемчивост – и сега во овие исечоци, во оваа шкрта милост на сеќавањето, поттикот е еднакво жив.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Таа продолжуваше да изнаоѓа суптилни и ненаметливи, секогаш нови облици на поддршка и храбрење да продолжам да пишувам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Тој ме наведува многу да размислувам, дури и сега во нов срлет на околности.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
За оваа цел корисен е препарираниот клавир, посебно во своите нови облици каде, со менувањето на текот на изведувањето, една инаку статична тонска ситуација станува променлива.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Почнувајќи од 1917 година, по Октомвриската револуција атеизмот добива нови облици и импулси од силното влијание на марксистичко-ленинистичката идеологија за конечно во периодот на сталинизмот да дојде до силни репресии на клерот, урнување верски објекти и нивна пренамена, како и создавање први атеистички музеи во светот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Беше јасно дека новите победници наложуваа нова религија, нови светци, нов Бог со нови облици на жртвување.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
За нашата расправа е секако важно што Hoggart во едно од потпоглавјата пишува и за очигледно незгодното прашање на толеранцијата, што не ја разбира како откажување од секакво несогласување и превидување на разликите.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Според неговото мислење таквата слабост е карактеристична токму за современата толеранција, што не е ништо друго туку последица на стравот и бегањето од непријатности, што се логична последица на несогласувањето.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Во академскиот свет сѐ заедно започна во 1957 со мошне влијателната книга на британскиот професор Richard Hoggart со наслов The Uses of Literacy, во која што се добро објаснети суштинските промени на подрачјето на современата култура, а малку помалку е истражен потенцијалот на новите облици на популарна култура.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)