Во 1885 год. таа насилно беше присоединета кон Бугарија, поради што Србија ја нападна младата бугарска држава, но ја загуби војната, со што се создадоа нови околности за развитокот на националистичките пропаганди во Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
69. Овој став и на некои Македонци остро беше критикуван од Мисирков и во новите околности по Првата светска војна (в.„20 јули” 1.1 Софија, 14.4.1924. 1 и 1, 5 11.5.1924, 3).
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Но сега и за нас Македонците настапија нови околности што ќе нѐ потресат и ќе ни кажат нови патишта по коишто ќе треба да одиме во иднина.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Затоа Дејан е во Маргина, а сето друго - е медиј и неговите потреби за анализирање и класифицирање. (Abbe Buzoni) маргина интервју: дејан дуковски разговорот го води: Abbe Buzzoni м Дејан, моето прво прашање е: дали се чувствуваш како успешен?
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Т.е., во светлината на овие нови околности - во Белград Унковски извонредно успешно го постави твојот текст, во Братислава исто се подготвува „Буре барут”, во план е филм, еден веќе имаш зад себе, неколку прилично забележани театарски претстави...
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
И мејл- уметниците се прилагодија кон новите околности, иако си постојат и „конзервативни” ограноци кои и понатаму ја преферираат хартијата, пликото и марката.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
На Хелвиг му беше јасно дека во овие нови околности во неговиот живот, заради оваа жена со која веќе живее заедно, не би можел сам, без нејзина согласност, да одлучи да го бара детето.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Како се чувствуваше во тие нови околности за разлика од оној ден кога нестрпливо го очекувал потврдниот одговор на жената која веќе му ги имала испратено првите знаци на љубовта?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Веднаш сфатив, оценувајќи ги внимателно размислите, дека во овие нови околности на нашиот живот неговата силина и машкост многукатно се имаат зголемени со оглед на местото и положбата што ја заземаше во извршната власт.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
А притоа знаев дека неговото службено место е поткрепено и со посебни овластувања.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)