За пример на новите поколенија големиот бран јавно го плесна по уста Јулие Цезар и го оневозможи да ’рчи а неговите поданици барем една ноќ да бидат на раат пред утре сите да запеат богојавленски песни под пазувите на бранот набабрен од многу љубов.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Во неговите мисли, задржани на Тврдината во чии дупки, меѓу камените блокови на ѕидините, се враќаа новите поколенија од птиците одлетани минатата есен, си ја замислуваше паднатата Отоманска Империја, без сведоштвата на сиџилите, како конеченбалкански Вавилон.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
И новите поколенија кои се родија и израснаа тука само со телото се присутни тука, но со душата, срцето и мислите се таму, на дедовите и прадедовите места крај бреговите на Црното Море кои и официјална Грција ги нарекува “χαμενες πατρηδες” 11, а спомените и адетите љубоморно ги чуваат и ги пренесуваат од колено на колено.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И никој не знае дека овој нов живот и овие нови поколенија одат и се враќаат по патот на кој легна нашата лоша судбина, нашиот чемер и болка, нашиот плач и солзи, нашето страдање и патила, нашиот крик на ужас и нашата безнадеж.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Повторно ставени пред искушенија и нови поколенија во прогон и страв повторно ставени пред гилотина за да не уништат до пепел и прав
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)