Во еден период, Татко се запозна со еден белоруски емигрант, лекар, добротвор, спасител на многумина од маларија од која страдаа луѓето со векови, кој му го откри непречениот пат на женските јагули низ реката, по Јадранското Море и Атлантскиот Океан, сè до Сарагаското Море и враќањето назад, по истиот пат, на новите потомци.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Колку и да ги десеткува човекот на патот, тие ќе се вратат обновени во безброј нови потомки - прв се огласи по долгата тишина Игор Лозински.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)