Запревме пред првото кафеанче на брегот. Го подготвуваа за новата пролет.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Гледавме по некоја морска ѕвезда, исфрлена на брегот како со бавното движење на краците се обидуваше да се врати во морето, да оживее целосно и повторно да завладее во длабините на морето.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Додека ептен не се стемнило редно е да се потроши уште некоја насмевка и да се направи уште една пируета во бескрајот на детството секако ќе има време да се забрише и правта од чевличките, малите бели чевлички па сите срамежливи погледи и палави мечтаења и сновиденија да се стуткаат како алишта во куферот има куфери што набабруваат од насмевки пред за последен пат да застанат на перонот на црната неизвесност тринаесетгодишната ханичка брадјова тринаесет пати се закашлува пред да се качи во возот кој има само последна станица ханичка тринаесет пати се сврте кон багремите кои од навика чекаат нова пролет за расцутување фрли поглед и на омиленото бело облаче на кое гулабицата неуморно павташе над седалото за недосмеани насмевки.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Доцна во пролетта, па и во летото, кога почна да паѓа лисјето од липите, потоа есента и зимата, кога нивните гранки сосема соголеа, ние нестрпливо ја очекувавме новата пролет за да видиме што ќе се случи со нив, дали останале во живот или се исушиле.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Се роди нова пролет по заминувањето на Крстан.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Уште околу свети Атанас началството презеде мерки за формирање тројки, кои во новата пролет ќе треба да заминат на терен, и тие веќе почнаа да се наѕираат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Расолницата кога реже немилосрдно дава до знаење дека има сè повеќе висибаби кои попусто чекаат некоја нова пролет.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)