Му пресуди на агрономот и го плати тоа со ново страдање не толку од љубов кон мене, туку затоа што е правичен човек и се плашел дека правдата нема да го стигне агрономот.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Неколку момчаци, синовите на покојните Онисифор Мечкојад, Никифор Ганевски и Каменчо Скитник, биле врзани за дрво и јавно тепани со камшици.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Таа зајакнуваше низ новите страдања, таа се прочистуваше од новите удари на судбината што требаше да ги поднесе, излегуваше поголема од новите искушенија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Арафат вознесено го следеше Бургиба и во тоа не виде ништо посебно, тоа беше и неговото мислење кое го делеа сите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Бургиба ја забележа зачуденоста на Арафат и продолжи: Но јас овде денес дојден да ви кажам, во името на мојата организација, Ослободителната палестинска организација, која ги претставува Палестинците и ги брани нивните интереси дека јас сепак ја прифаќам поделбата за да се избегнат новите страдања на мојот народ и на нашите соседи...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
На воденичарската заедница во Кукулино ѝ преостанало или да ја наведне главата пред зулумот или со тврдоглавост да зачекори кон нови страдања: најумниот или најисплашениот од преостанатите мажи се откажал од воденичарскиот занает, најтврдоглавиот го потерале сувариите до најблиската река и го распнале на гнил чарк за наводнување на недалечните ниви, цел еден ден да се врти под надгледување на двојна стража, со секој миг пред неговите очи да се сменуваат матното небо и разбранетата земја.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И загледана низ прозорецот кон неколку фрагменти од синото небо кои се појавуваат по бурата, си велам дека бездруго на ист начин сте ги восритале и вашите деца.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)