За нив враќањето на Захаријадис значеше отворање нова страница.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Најоптимистичката потпора што си ја даваме е во надежда дека утре ќе завртиме нова страница, а тој животен феномен никако да се случи, како и среќата која за влакно ни се лизга низ прстите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Можеби дишиме во хармонија со универзумот но работите не можат да се случуваат без да се наруши рамнотежата, затоа животот не е лесен ниту пак има имитации или реминистенции под светлината на сцената наречена живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Татко внимателно го слушаше Камилски, кој навлегуваше и преку неговата омилена тема за империите на Балканот: Со падот на Византиската Империја во 1469 година, се свртува нова страница и во историјата на гастрономијата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Новите освојувачи на Балканот, Османлиите ќе го наложат новото тројство: шеќер- ориз- путер, од кои првиот и последниот елемент влегуваат во составот на баклавата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но, свесна сум дека животот отвора нови страници, нови предизвици.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Сакам оваа вечер да биде вечер на исповеди, со прочистена душа да чекориме по патеките на животот, да завртиме една сосема нова страница.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Во име на нашата чиста љубов , среќа и иднина, во име на новата страница на животот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Знаеш Радо, од денес вртиме нова страница во животот. - започна Томо додека заедно во дворот го пиеја утринското кафе. За чудо, овој пат беа сами.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Се покажува дека Ема била во право: јас сум Тој Некој кој допрва ќе ги испишува празните страници од нашите животи.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Сега се отвора нова страница во мојот живот како прва страница на роман што можеби некогаш ќе го напишам.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Но тоа беше доволно да се отвори нова страница во животот на Авни.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Не сум верник да го свртам и другиот образ. Свртувам нова страница.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Освен што Нико пишува многу поединости, покрај другото и во врска со случајот на стариот со паштерката во Цариград кога вели ’Тој ги посрамотил сите наши чесни домаќини’, па и она што е познато во врска со неговата Ерменка и односите со неговата законита жена во Маказар, тој во новиве страници што ги најдов спомнува дека Никола, по убиството, бил фрлен скраја во гробиштата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Токму во ова време, додека траел процесот на економско-општествено назадување на Македонија, се родила и израснала една нова македонска генерација што во последната деценија на XIX век била готова да ја изврши историски определената мисија: по револуционерен пат да отвори нова страница во развитокот на македонскиот народ.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Младотурската револуција од јули 1908 година отворила нова страница од историјата на Османската империја.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Капитулацијата на Бугарија отворила нова страница во известувањата на американскиот печат.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тоа бил оној момент кога настанал целосен пресврт во однос на носителите на борбените акции во Македонија, каде што започнале операциите за нејзино конечно ослободување.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тогаш човекот во сина облека заврти нова страница од весникот и пак почна да нижи редови од колоните на својот поглед.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Тогаш, човекот во сина облека заврти нова страница од весникот и пак почна да нижи редови од колоните на својот поглед.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Татко ми мирно го пречека Чанга вртејќи нова страница на отворената книга.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Овие книги понекогаш како да се прелистуваа сами, кога му беше тешко во животот, но кога имаше сигурно излез. Нова страница.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Сега можам да напишам илјади нови страници, но ќе го нема среќното лице на кое му се наменети.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)