Ја гледав токму истата фотографија, истиот портрет што Татко, со години, го криеше во родната земја крај Езерото, а потоа и во новата татковина.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Затоа личи, вреди и треба да се најде во вашата нова куќа во новата татковина.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во чест на сето тоа, решив да ја поддржам својата нова татковина во нејзината определба да ја поддржи мојата стара татковина така што ќе ѝ напишам една литературна творба.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Хелмут Пред недела дена бев на свадба кај девојче што се претвори во кралица и од утре ќе краси некои други работни простории, други улици, во туѓа држава, што многу брзо ќе стане нејзина, нова татковина.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Посебно, кога во последното писмо во кое го поставувате прашањето за душата, коешто јас некогаш им го поставував на моите родители за нејзиното постоење (во романот Атеистички музеј), се сеќавам на фрагментот што ми го испративте, препишан во младоста од книгата на германскиот филозоф од еврејско потекло Макс Пикар, Светот на тишината.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Независно од другите пријателски врски кои ги имате со него, помислив еден ден дека реката Вардар ја поврзува вашата нова татковина со неговата загубена татковина, зашто, колку што знам неговиот татко е роден во Солун.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Да, вие ја спомнувате во вашето писмо токму реката Вардар, истакнувајќи дека таа ја поврзува мојата нова татковина со старата земја на Едгар Морен, татковината на солунските сефарди.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Значи, ова постоење на душата, би било недоволно да се рече дека вие имате потреба да верувате во неа зашто тоа што го изразувате во вашите текстови е повеќе од верување, тоа е повеќе убедување, произлезено од едно искуство, толку многу ви е близок дијалогот со еден духовен принцип кој преживува по принудното напуштање на една татковина, како и на еден духовен прекин со сушествата и предметите околу кои е конструиран вашиот живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
И такво какво што го опишувате самото езеро што еден од вашите браќа го слика на ѕидот во вашиот нов дом крај реката Вардар во Скопје, се чини дека е обид да се оживее душата на езерото во новата татковина; и во истовреме, според нивните сугестии и коментари, се чувствува дека сите кои учествуваат во создавањето на новата фреска на ѕидот сакаат да ја видат во ова езеро татковината на нивната душа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Кога татко ми во 1919 година замина на студии во Цариград, и се најде кај својот вујко Фетхи Беј Окијар, тогашен премиер на Турција, кој му овозможи во својата летна резиденција на островот Бујук Ада, близу до Царград, да се види со Ататурк и да му биде предложено да им се придружи во изградбата на новата татковина, татко ми неочекувано се врати на Балканот со својата отоманска кадиска диплома но и со нови книги од турското и европското право...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Во очекување на Сојузниот ми се наложуваа генерални размисли за мојата мисија, за балканската историја, за натамошните искушенија во животот во мојата нова татковина која наскоро ќе исчезне.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И кога животот сакаше многу години подоцна во Македонија, која стана наша нова татковина, предодредени пред тоа да ги следиме емигрантските процесии на пребегнатите албански емигранти во Југославија, на конечен пат кон вообичаените дестинации кон Америка, Австралија или Нов Зеланд, минувајќи пред тоа неколку месеци во неколку европски емигрантски прифатни центри, да станам нејзин амбасадор, првин, предложен од Социјалистичка Република Македонија во рамките на тогашна Социјалистичка Федеративна Република Југославија во Република Тунис, акредитиран во Арапската лига, како и како прв амбасадор во државата Палестина, на чело со Јасер Арафат, која само земјата што ја претставував ја признаваше како независна држава (во периодот од пролетта 1985 до есента 1989 година), а потоа и како прв амбасадор на новата независна Република Македонија во Република Франција, при УНЕСКО во Париз, акредитиран во Мадрид при Кралството Шпанија и во Лисабон, во Република Португалија, Татко беше одамна исчезнат, (на 29 февруари 1979) а јас имав чувство дека го продолжувам неговиот неизвесен дипломатски пат на Балканот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Други времиња, други луѓе. Новиот Сојузен го променил некогашниот распоред на кабинетот. Не ја забележувам сликата на Тито...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)