Татко беше цврсто уверен дека секоја победа всушност создава нови јаничари.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Па така се создале и новите јаничари. Тие ќе ја извишат империјата до највисока точка, но ќе го предизвикаат и нејзиното паѓање.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Нови јаничари, без око да им трепне, беа воените пилоти, кои како да фрлаа играчки, со кастрирана совест, кои фрлија атомски бомби врз Нагасаки и Хирошима од кои загинаа само за неколку минути стотици илјади луѓе.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Како што нагласив, преобраќањето на христијанското население во исламот, особено во доменот на регрутирањето на новите јаничари, ќе биде основа на најголемата дијаболизација, виктимизација, и на Османската Империја, во балканските историографии, но често и под влијание на европските?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Всушност, неговата незавршена книга можеше да се смета и за еден вид дискретен и ненаметлив апел до идните генерации дека Балканот треба да почне да ја пишува својата историја низ бројните документи и сведоштва, наместо да чека да ја пишуваат новите победници! Новите јаничари...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ова е смела теза, мој пријателе, зар ќе се спротивставиме на сите балкански историографии.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И според Татко, не беше случајно што на челото на новиот проект на иднината стапуваше еден нов диктатор - еден нов јаничар, каков што беше Сталин.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Татко го насетуваше по скорешниот пад на фашизмот маршот на империјата на сталинизмот, на чело со новиот јаничар Сталин, на кого сега јасно целеше Игор Лозински и стравуваше да не стигне до бреговите на Езерото.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)