нов (прид.) - идеологија (прид.)

Фантомот на Слободата и Шарло Акробата наместо гусларите што “стругаат”. Малку екстернализиран циркус во овој интеррегнум пред да ве набијат во новата идеолошка шатра комплет со сите церемонијал-мајстори што така жестоко се лактаат деновиве. Маргина. Пандалф Вулкански
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Овие известувања на американските претставници за истапувањата на видни бугарски и југословенски политички личности, кои се залагале за унија меѓу Југославија и Бугарија и уште повеќе за обединување на Македонија, во услови на нова идеолошка поделба меѓу големите тројца, секако не биле од интерес за владите и на САД и на Велика Британија, бидејќи таквите активности не влегувале во нивните повоени планови за уредување на светот, а особено ги немало во политиката на Велика Британија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Понатаму во својот извештај известувачот се осврнува и на протестот на Димитар Влахов, заменик-претседател на АВНОЈ, објавен во весникот „Политика“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во последно време, речиси како некаква нова идеолошка матрица, во ова безглаво тетеравење кон (национален) идентитетет, главно допирајќи од центрите „што произведуваат свест“ (читај МТВ, „Нова Македонија“, некои издавачки куќи), се слуша отприлика следнава конструкција (која неинвентивно, во разни варијанти, неуморно се повторува каде ќе се стигне): „Македонија можеби е мала, кревка, дипломатски и политички недоволно „шлифувана“, но затоа пак македонската култура е сосем рамноправна во светот, гордост на мак. народ.“
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)