А јас ќе појдам уште еднаш да ги пребројам мртвите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сите агалари се насмевнаа и погледнаа во новите свои колеги Јунуса и Рифата, а кадијата му одговори место аџиите: – Плати го ти, папаз, борчот овдека, ние ќе плаќаме таму.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Бистроока, со плетенки на грбот и врела, му доаѓаше еднаш неделно и му носеше по една нова своја фотографија.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Судбина: да се припокрие со земја убиениот, да се прослови над дрвен крст молитва и да се бега од местото пред ноќни призраци и пред дневна, утрешна потера што можела да дојде за нови свои и нивни умирања. Судбина и гробови - нивни, туѓи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)