Мотивацијата на ваквото слободно творештво на графичките симболи се чини дека лежи во стремежот да се прикрие зависноста на новосоздадениот систем на писмо од изворникот, во дадениот случај, од грчкиот систем на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Со тоа се објаснува фактот дека староерменското писмо покажува графички врски со повеќе системи на писмо, но не се сведува во целина на ниеден определен графички систем.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Количеството на фонетски единици на старословенскиот јазик значително го надминува количеството на фонетски единици во грчкиот, што доведе до неопходноста за создавање на група дополнителни знаци за пренос на типично словенски фонеми.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Притоа, во јазикот L може да постои поголем број на фонетски единици отколку во јазикот L1, во тој случај, во новосоздадениот систем на писмо се воведува поголемо количество на графички симболи за означување на дополнителните звуци, кои не постојат во јазикот-прототип.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Соодветно со тоа, бројот на знаците во новосоздадениот систем на писмо не требаше да биде помал од 36, што е токму случај со старословенската глаголица, при што знаците, што се наоѓаат на последните места во низата на глаголицата, се користат за изразување на бројните вредности на илјадите.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Со иста цел, во некои случаи, во новосоздадениот систем на писмо се сочувуваат знаци кои немаат никакви вредности освен бројните.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Парадигматските односи во појдовниот систем на писмо се рефлектираат во парадигматиката на новосоздаденото писмо.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ваквата супституција на фонетските значења е мотивирана со тенденцијата за зачувување на парадигматиката на системот-прототип во новиот систем, и тоа, за да се дојде до изоморфна репродукција на бројната вредност, изразена низ букви.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)