- А на Васил нема да му го избришеш приборот? - се пошегува тетка Марија, наместо да се навреди, а потоа се сврте кон мене и ми рече, - Знаеш сине, тетка ти Олга мисли дека сум многу нечиста, а не сфаќа дека јас само не сум толку чиста како неа.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Мојот стомак, кој и онака ги имаше присобрано сите вишок масти и килограми на моето тело, небаре невидлив магнет за маснотии му се беше заглавил околу папокот, сега беше скоро двојно поголем од неговата нормална величина.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)