Темите за разговор со неа беа сериозни иако потекнуваа од најобични и најбанални примери од животот, и таа низ тие разговори се проверуваше самата себе, се обидуваше преку спротивставувања што ги изнесуваше госпоѓа Мариела, да се врати од својата откаченост, од својата професионалност и професионална дезориентираност, на некаков нормален колосек (таа така си го дефинираше, нормален) и длабоко во себе и беше благодарна, изразувајќи ѝ чувства на искрено пријателство и почит.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)