А наоколу мириса на цутови ... Гита Корец секогаш на ова место ги отвора очите во спалната соба од архирабинската резиденција во Солун, оставајќи го носталгичниот сон недосонуван.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Потоа погледот ѝ паѓа на карт-посталот со ракописот на маж ѝ, и како и секое утро, откако ќе утврди дека децата спијат, наместо кошмарниот сон, ја реконструира приказната на нејзиниот живот, особено нејзините последни неколку години.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)