ноќен (прид.) - воздух (имн.)

Тенорот го подига последниот збор и гласот останува за миг да виси во растреперениот ноќен воздух и секнува песната колку за да чукне срцето посилно, градите да се наполнат со воздух.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Таа сврти глава и тогаш почувствува како трепери ноќниот воздух од далечните подмолни татнежи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Носниците на мачорот го душкаа ноќниот воздух и оддалеку го намирисаа грабливецот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)