И морето и бродот стокмен од нејзините ноќни шепотења и сребрените скали на вечноста по кои слегува до нас О Таа мртва, Таа заскитана вон дните Таа жуборлива во нас и студена во каменот овде е нејзината земја и мермерот во кој молчи.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Не се сеќавам дали тоа беа исплашени гласови, дали восхитени, дали без молитви, дали песни, дали ноќни шепотења, дали восклици, дали лелекања.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)